Ова лето заслужува најдобра камера!

Врвен паметен телефон за лето полно со радост

Кога животот ни носи многу убави моменти, технологијата е тука за да ги зачуваме!

Летото е време за одмор,  за забави и дружење, за патувања  со најмилите, време за полнење на батериите. Замислете колку моменти на среќа ќе сакате да станат вечни.

Скок во море, зајдисонце, вкусна вечера, портрет од најдрагите  или групна фотографија се незаборавни моменти кои сакаме да ги зачуваме за да се присетуваме на нив и по летото, а за тоа ни треба паметен телефон со одлична камера.

Летна револуција во светот на фотографиите ќе ви донесе Samsung Galaxy S21 Ultra 5G, паметен телефон со спектакуларен дизајн и перформанси на камера која снима и видео записи и фотографии со филмски квалитет и тоа 108 МP широко-аголна камера, 12 МP ултраширока камера, 10 MP телефото 2 камери и 40 МP селфи-камера. Убавината е во деталите, зарем не?!

Запловете во незаборавниот свет на Galaxy камерите

Со Galaxy S21 Ultra 5G ова лето ќе ви биде како да имате професионален фотограф. Секој посебен момент кој ќе го доживеете на летниот одмор ќе можете да го зачувате со револуционерната камера  во врвна 8К резолуција.

Да, добро прочитавте, тоа е највисоката резолуција достапна на паметен телефон, 4 пати повеќе во однос на 4К. Затоа земете го вашиот Galaxy S21 Ultra 5G и снимете го вашето лето со многу детали во кои ќе можете да пронајдете дури и „слика во слика“.

Напредната Dual Zoom опција сега приближува уште побрзо и поостро и со тоа овозможува совршено визуелно искуство. Кога ќе се спои со потполно новата опција Zoom Lock за заклучување на зумирањето, снимките изгледаат постабилни од било кога.

Исто така, ќе можете да правите и фотографии од лудите ноќни забави со одличен квалитет, затоа што Samsung Galaxy S21 Ultra 5G има Bright Night опција за живописни бои и сцени дури и во темница.

Совршен портрет за родители или селфи за пријатели

Доколку сакате совршена селфи фотографија од вашето патување сигурно ќе ви се допадне Portrait Mode функцијата заснована на вештачка интелигенција. Анализирајќи лица, агли и насоката на осветлување како и длабочина на самиот кадар, оваа функција овозможува портретите поубави од било кога.

Снимајте како професионалци

 Освен што можете да снимате врвни видеозаписи во 8К квалитет, со помош на Galaxy S21 Ultra 5G можете во летниот период да станете и прави видео професионалци. Благодарение на опицијата 8K Video snap можете да направите спектакуларни фотографии директно од видео записот. Така веќе нема да морате да избирате дали ќе снимате или фотографирате.

Доколку пак ја вклучите Super Steady опцијата, вашиот Galaxy S21 Ultra 5G ќе снима како акциона камера. Додека сте во движење, АИ-стабилизацијата ги отстранува треперењата и ќе добиете одлични акциони кадри, особено ако сте љубител на активен адреналински одмор.

Поддршка за С-пенкало

Samsung Galaxy S21 Ultra 5G е првиот паметен телефон од Galaxy кој е компатибилен со S Pen, кое не само што ви олеснува со голема прецизност да го користите паметниот телефон, туку и претставува одлична алатка за уредување на вашите летни видеа и фотографии. S Pen овозможува последно усовршување на деталите на вашите видеа и фотографии пред објавување на социјалните мрежи.

Galaxy S21 Ultra 5G е вашиот врвен паметен телефон за лето полно со радост. Од одлична камера, фантастичен дизајн, до бројни опции за уредување на фото албуми и  S Pen, Galaxy S21 Ultra 5G има сè што ви треба за да создадете свои албуми со спомени и трајно да ги снимите радосните моменти во текот на летниот период.

Повеќе информации можете да пронајдете на

https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-s21-ultra-5g/

Текст и фото: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.