Секси-фустанот во кој Кејт Мидлтон го завела принцот Вилијам се најде на листата на најскапо продадени парчиња на аукција
Озлогласениот фустан на Кејт Мидлтон се најде на списокот на најскапите аукциски парчиња облека носени од позната личност.
Овој скромен пропуст што војвотката од Кембриџ го направи на модната ревија одржана на Универзитетот Свети Ендрјус – проѕирниот фустан што го привлече погледот на нејзиниот иден сопруг, принцот Вилијам, го зазеде 15-то место откако беше купен по цена од 78.000 фунти на аукција во 2011 година. Инаку, фустанот чинел 30 фунти.
Сепак, кралското семејство, медиумите и модните критичари не ѝ го простија овој храбар потег, но благодарение на него, таа денес ужива статус на благородничка.
На првото место на листата се наоѓа белиот фустан што го зацементира статусот на Мерилин Монро како холивудска пин-ап девојка, кој беше продаден по цена од неверојатни 2,8 милиони фунти.
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм