Кралица на црвениот тепих! Ева во моден класик со кој никогаш нема да се прашате „што да облечам“ (ФОТО)

Погледнете!

Тоалетата е поволна за секоја пригода и им одговара на сите, а и многу е елегантна како вистинска „класа“.

Ева Лонгорија практично никогаш не греши во својот моден избор за црвениот тепих. Актерката присуствуваше на престижниот настан „Голден-гала“ во Музичкиот центар во Лос Анџелес, а пристигна во едноставна, но многу елегантна тоалета.

Понекогаш помалку навистина е повеќе, а таа ни го докажа тоа! Имено, атрактивната актерка избра елегантно, фино издание кое освојува со својата едноставност, но и ни покажува дека класиката не мора да биде досадна.

Славната 48-годишна латиноактерка облече фустан со рамен крој, кој ги открива рамениците, украсен со декоративна лента од сребрен, блескав штрас и циркони на деколтето.

Стајлингот го комплетира со црни сандали со ремчиња и скап накит – дијамантски прстени и обетки.

Погледнете:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Style O’clock CL (@styleoclock.cl)

Фото: Instagram/@styleoclock.cl

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.