„Ме малтретираа и понижуваа“: Александра Пријовиќ била жртва на врсничко насилство

Траума што не се заборава

Ја нарекувале со погрдни имиња, а сега кога е позната личност ѝ пишуваат пофални зборови!

Александра Пријовиќ изгради успешна кариера, важи за една од најубавите пејачки, се реализира како мајка и настојува да го зачува приватниот живот далеку од очите на јавноста. Сепак, нејзиниот пат до успехот ѝ бил трнлив и мачен.

Александра живеела со мајка си во Бели Манастир, каде што децата на училиште ја малтретирале и ја избегнувале само затоа што сакала да пее, но и поради тоа што тешко се справувала со потсмевот.

Не ми беше лесно. Ова уште никому не сум го кажала, но бев жртва на врсничко насилство. Не ме тепаа, но психички ме малтретираа – ја започнала својата шокантна приказна.

Ме понижуваа, ме нарекуваа кутра певаљка. Велеа: „Не е подобра од мајка ѝ певаљката“. Ме исмејуваа на секој чекор. На училиште по секој мој настап носеа снимки и ги пуштаа. Се смееја гласно, така што слушав и видов сè. Верувајте, во тие моменти срцето ми се кинеше – рече таа и нагласи дека сега истите тие деца сакаат да ѝ бидат пријатели.

Ми се јавуваат, ми пишуваат на Фејсбук и ме поддржуваат. Сега сум им слатка, убава, фина и драга. На сите им одговарам на пораките, но не заборавив како ме малтретираа – истакна Александра.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.