Никол излезе на сцената како Дизни-принцеза и ги воодушеви сите: Носеше гламурозен фустан од бајките
Луксузен и суптилен во исто време
А како ѝ стоеше – проценете сами!
Во неделата во замокот Виндзор се одржа спектакуларен концерт по повод крунисувањето на новиот британски крал Чарлс Трети, а на сцената излегоа некои од најголемите англиски ѕвезди, вклучувајќи ги Кети Пери и Никол Шерцингер.
View this post on Instagram
Никол особено ја воодушеви публиката, не само со својот изглед и става туку и со моќниот глас. Јавноста беше воодушевена од нејзината интерпретација на песната Reflection од класикот на Дизни „Мулан“.
View this post on Instagram
Славната 44-годишна пејачка блескаше во хипнотизирачкиот долг фустан од темносино кадифе со набори и мал шлеп, а горниот дел од креацијата беше изработен во форма на корсет во проѕирна, светлосина ткаенина со блескав вез.
Тоалетата е во исто време многу елегантна и луксузна, но и сензуална благодарение на голите раменици и истакнатото деколте. Никол го комплетира изгледот со скап, дијамантски накит – обетки, ѓердан и прстени.
Фото: Инстаграм
Коментарите се заклучени.