Том Круз покажа колку е маѓепсан од Шакира: Се коментира дека на видик е нов пар, а сето тоа поради ОВИЕ СЛИКИ (ФОТО)

Многу познати личности се појавија на Формула 1 Гран При на Мајами. Меѓу гостите беа и познатата пејачка Шакира и холивудската ѕвезда Том Круз. Очекувано, набрзо по објавувањето на сликите и видеата од настанот, почна да се коментира дека можеби на видик е нов љубовен пар.

Но шпекулациите не почнаа бадијала – некои забележаа дека Том Круз не го крие воодушевувањето од Шакира, а некои обожаватели на социјалните мрежи порачаа дека пејачката и актерот би биле одличен пар, но едно е појавувањето на ист настан, а друга е љубовен однос, така што обожавателите можеби малку избрзаа со заклучокот.

Се коментира и необичниот стајлинг на Шакира, која неодамна со синовите Милан и Саша се пресели од Барселона во Мајами, откако склучи договор за старателство со поранешниот партнер Жерар Пике.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Shakifans (@iamshakifan)

Фото: Instagram

Видео: Youtube

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.