Се облекува или се соблекува? Манекенката се појави во модерна верзија на пепелашка-фустанот, кој изгледа како оптичка илузија (ФОТО)

Ги расони сите на црвениот килим

Годинава се одржа 76-от Кански филмски фестивал и имавме можност да уживаме во модните изданија за кои сигурно со денови ќе се зборува. Шведската манекенка Елса Хоск носеше фустан кој изгледа како оптичка илузија, но тоа не ја спречи да изгледа како вистинска модерна Пепелашка.

Премиерата на филмот La Passion De Dodin Bouffant ја посетија многу познати личности, но најголемо внимание привлече шведската манекенка Елса Хоск, чија комбинација ѝ пркоси на гравитацијата.

Сите очи беа вперени во фустанот на Елса, кој изгледаше како оптичка илузија. Деструктивната комбинација се состои од корсет во боја на кожа припиен до телото и фустан во бебешки сина боја, одвоен од телото и „наведнат“ на едната страна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elsa Hosk (@_elsa.hosk_)

Станува збор за фустан на дизајнерското дуо Виктор Хорстинг и Ролф Снорен, кој првпат можевме да го видиме на модна ревија во јануари, кога модната куќа ја претстави својата колекција за пролет и лето. Кога ќе go погледнете од страна, изгледа како фустанот да искривен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elsa Hosk (@_elsa.hosk_)

Споменатата колекција е полна со фустани кои се превртени наопаку и изгледаат како сатиричен коментар за типичните балски тоалети за кои слушаме и гледаме од најраното детство.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.