Креативната кампања „Љубов и мода на Јахорина” го најавува второто издание на регионално единствениот Моден викенд Jахорина 2023

Љубовта и модата како совршен пар

Оваа година, уште посилни, во соработка со Сараево филм фестивал, годинешниот „Моден викенд Јахорина“, започнува на 17 август во Сараево

Од 17 до 20 август ќе се одржи вториот по ред уметнички-моден-музички спектакл  „Моден викенд Јахорина”, најавуваат од Олимпискиот центар Јахорина и агенцијата за маркетинг и промоција Signature, кои во жешките јулски денови на Јахорина со својот креативен тим снимија оригинална кампања „Љубов и мода на Јахорина” и со тоа го најавија единствениот ваков софистициран настан во регионот.

„Олимпискиот центар Јахорина ова лето организира и дава поддршка на многубројни и концептуално различни содржини кои на најдобар можен начин ја промовираат културата, модата, уметноста и спортот.

‘Модниот викенд Јахорина’ е уметнички и моден настан што го реализираме вторпат. Ги обединува најзначајните регионални и светски познати модни дизајнери, актери и уметници, а негова дополнителна силна страна годинава е соработката што ја остваривме со ‘Сараево филм фестивал’

Веруваме дека на бројните туристи кои тие денови ќе бидат присутни во Сараево, со Модниот викенд Јахорина ќе им обезбедиме дополнителна забава со концепт.

Исто така ќе додадам дека за концертот на Сенида на Јахорина, во склоп на Модниот викенд Јахорина, владее интерес уште од самиот почеток“, изјави Дејан Љевнаиќ, директор на Олимпискиот центар Јахорина

 „Инспирирана од темата на култниот Југословенски филм ‘Љубов и мода’ од 1960-тите, нашата креативна кампања е насочена кон заборавените здрави општествени норми и вредности и кон естетиката и модата од тоа време, па ги обедини и ги стави во фокусот на објективот дел од најубавите жени и јавни личности во Босна и Херцеговина, успешни дами кои се креативци и професионалци во различни професионални кругови, жени што се единствени по својата природа, токму  како што е нашата Јахорина, но и Fashion weekend Jahorina кој е нашиот главен настан”, ни раскажа Наташа Петровиќ, директорка на агенцијата Signature.

За уште поголемо уживање, слатка поддршка на екипата од сетот на „Љубов и мода“ ѝ даде Бајадера.

„Fashion weekend Jahorina е исклучителна деловна можност, зад која се крие огромна работа, организација, талент и идеи.

Им благодарам на ОЦ Јахорина и Signature што се сетија на мене од мноштвото талентирани и убави актерки што ги имаме во Босна и Херцеговина!“

Ања Краљевиќ – глумица

„Имам мал круг на големи луѓе. Со огромно срце, широка насмевка и амбиции.

Среќата е заразна и да, многу лесно им се пренесува и на другите. Таа беше присутна и оној ден кога создававме спомени на Јахорина, олимписката убавица.

Направиме проект кој создава и буди емоции. Но, тоа се среќни емоции, кои зборуваат за љубов, мода пријателство и за едно минато време.”

Ана Бврка, ТВ-водителка

За потсетување, од минатата година, по првиот многу успешен Fashion weekend Jahorina на којшто учествуваа реномирани регионални модни дизајнери, се очекуваше овој, во основа моден настан, да има свое продолжение.

Оваа година, уште посилни, во соработка со Сараево филм фестивал, годинешниот „Моден викенд Јахорина“, започнува на 17 Август во Сараево со проекција на дигитално реставрираниот филмски класик „Љубов и мода” од 1960-тите, филм кој обележа едно време и мода во тогашната земја и кој ќе се најде на официјалната програма на 29. Сараево филм фестивал.

Истата вечер, Олимпискиот центар Јахорина и Сараево филм фестивал ги покануваат гостите на забавата за добредојде во организација на Fashion Weekend Jahorina, пред Народниот театар Сараево.

„Модниот викенд Јахорина“ продолжува на 18 и 19 август на врвот на Јахорина, покрај езеро, на платото Олимп бар, во амбиентот на најубавата планинска природа, на 1900м надморска височина и на сцена за која овој пат се погрижи сценографката Драгана Пурковиќ Мацан.

И оваа година, Верица Ракочевиќ, Милица Опачиќ, Амина Хасанбеговиќ, Предраг Џукниќ, Јована Петковиќ, Бата Спасојевиќ и уште десет од најуспешните модни имиња во земјата на домаќинот, Србија, Хрватска, Црна Гора и Словенија ќе ги прикажат своите оригинални модни креации под светлото на планинското сонце на врвот на Јахорина. На гордост на домаќините и организаторите ќе им се придружат и најпознатите домашни модни брендови Sana Linea и Alma Ras,  а ќе биде прикажана и ревијата „Костими низ епохите“, настаната во соработка со Народниот театар на Република Србија.

Љубовта и модата постојат како совршен пар во срцето на природата на сцената на Fashion Weekend Jahorina!

„Модниот викенд Јахорина“ го пренесува духот на уметноста, културата, романтиката и трендот. Најзначајните актерски имиња во регионот, Бранко Џуриќ – Џуро, Јелена Гавриловиќ, Зала Џуриќ, Милутин Мима Караџиќ и други, на сцената на „Модниот викенд Јахорина“ ќе изведуваат музички евегрини од филмот „Љубов и мода”: „Девојко мала”, „Љубов и мода”, „Љубов или шега…”

„Модниот викенд Јахорина“ најавува и други интересни активности, како што е панел-дискусијата со своите учесници на тема „Филм и мода” и „Кога ќе се спојат модата и бизнисот”. Посебно изненадување на „Модниот викенд Јахорина“ ќе биде настапот на балканската треп ѕвезда Сенида.

Сите информации поврзани со вториот „Моден викенд Јахорина“ можете да ги следите на www.fwjahorina.com

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.