„Јас сум невеста која ја мразат сите затоа што носела гола венчаница!“ (ФОТО)

Што мислите вие?

„Велат дека сум највулгарната невеста, но на мојот сопруг му се допаѓа!“

Ели Гонсалвес, австралиска манекенка, актерка и инфлуенсерка, разменила свадбени завети со својот долгогодишен партнер Рос Скатс. Двојката ја прослави својата венчавка на раскошна дводневна церемонија со околу стотина пријатели и членови на семејството. Убавата Австралијка смени три неверојатни венчаници, а една од нив предизвика бура од реакции на социјалните мрежи.

Имено, Ели првично го кажа судбоносното ДА на мала, приватна церемонија во романтична, помпезна венчаница изработена од комбинација на нежна, проѕирна ткаенина и богато украсена тантела со тридимензионални цветови. Превезот ѝ даде драматичниот ефект бидејќи и самиот беше украсен со истите цветни украси.

Следниот ден, Рос и Ели организираа гала свадбена веселба, на која 33-годишната невеста носеше две венчаници – и двете многу привлечни и модерни. Таа на прославата пристигна во заводлива, бела венчаница проткаена со тантела со горниот дел во форма на корсет, кој го истакна нејзиното раскошно деколте и многу длабок, смел шлиц. Таа го заокружи ова издание со многу долг вел од тул и дискретен, но скап, дијамантски накит.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ELLIE GONSALVES (@ellie_gonsalves)

Како што одминуваше забавата, Ели сакаше да го изненади својот сопруг, но и гостите, па се пресоблече во многу похрабра и поатрактивна венчаница која малку ѝ оставаше на фантазијата. Таа за крајот на вечерта избра мини-венчаница во форма на корсет целосно од проѕирен тул, но интимните делови на телото вешто ги сокри бела тантела.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ELLIE GONSALVES (@ellie_gonsalves)

Ели добила многубројни негативни коментари, па дури и навреди, а толку многу била збунета од страшните реакции на јавноста, што влегла во пресметка со оние кои ѝ испраќале навредливи коментари.

Не можам да верувам дека луѓето ме навредуваат толку многу заради мојата венчаница. Тоа е венчаница на некого кого не го познаваш. Ако не ти се допаѓа, не ја гледај. Толку е едноставно, таа рече меѓу другото.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.