Каде што таа ќе згазне, тревата не расте: Наоми Кембел во претесен фустан го покажа извајаното тело и … брадавиците (ФОТО)

Погледнете!

Луѓето како опијанети гледаа во неа!

Супермодел, деловна жена, модна икона… Наоми Кембел има уште една улога, таа стана моден дизајнер или креативен директор на новата колекција што ја дизајнираше за брендот Pretty Little Thing, во соработка со креаторите Едвин Томпсон и Викторо Анате.

Колекцијата се состои од повеќе од 70 модели, а вклучува мрежести фустани, палта од вештачко крзно, елегантни костуми и блескави детали.

Некои беа изненадени што ревијата се одржа во Њујорк, но оваа модна ѕвезда често истакнува дека по потекло е Британка, но во душата е њујорчанка. Самата прошета по пистата и покажа дека е родена за тоа.

Наоми Кембел на пистата се појави во металик проѕирен фустан што се носи без градник. Фустанот ѝ беше припиен за неа и го истакнуваше нејзиното затегнато тело.

Познатата манекенка доминира на пистата и на 53 години, а таа бројка ја истакнуваме за да докажеме дека грешат сите оние кои мислат дека убавината и моќта на жената имаат врска со годините, во негативна смисла.

Ревијата на Наоми Кембел и Pretty Little Thing беше организирана во пресрет на Модната недела во Њујорк, која ќе трае од 8 до 13 септември и која ќе ги собере на едно место најважните модни имиња, како што беше и претходните години.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.