Кралицата на супермоделите прошета по пистата и уште еднаш покажа дека ѝ нема рамна (ФОТО)
Тука се и Ким Кардашијан и Никол Кидман и сите носат копита-чевли во кои едвај одат!
Што би можело да ги собере Наоми Кембел, Никол Кидман, Ким Кардашијан, Дуа Липа и Бела Хадид на едно место? Станува збор за спектакуларно шоу на брендот „Баленсијага“, со кој сите тие со задоволство соработуваат, а овој пат прошетаа и на пистата во име на љубовта кон естетиката што ја промовира оваа модна куќа!
View this post on Instagram
Имено, на ревијата на Баленсијага во рамките на Париската модна недела, дефинитивно главни ѕвезди беа споменатите дами, од кои секоја носеше дел од прилично ексцентричните, но секако впечатливи и луксузни парчиња од новата колекција.
Наоми Кембел, супермодел-ветеранка, излезе на пистата во драматичен, црн фустан инспириран од моделите од 15 и 16 век за време на владеењето на династијата Тудор во Англија.
View this post on Instagram
Уште еден професионалец на пистата беше младата Бела Хадид, најбараната манекенка на денешницата, која блесна во фустан во кој наликуваше на дива од златната доба на Холивуд. Зелен сатен, романтичен лак и црни, елегантни ракавици преку лактите – ова издание нè воодушеви!
Ким Кардашијан е позната како муза на овој бренд, па дизајнерите немаа проблем да ја најдат совршената креација за неа – таа претстави црн, тесен фустан од мокра ликра со набори и необично деколте, но и познатите чорапи-чизми, кои старлетата едноставно обожава! Феноменално се снајде на пистата, годините на позирање очигледно дадоа плод!
Никол Кидман изгледаше доста футуристички, но во исто време женствено во помпезен фустан од шушкав сребрен материјал, кој беше комплетиран со црни ракавици. Таа, исто како и сите други дами, носеше по малку необични, црни салонки во кои не е лесно да се чекори или барем така изгледаше.
Ооваа петорка ја заокружи младата пејачка Дуа Липа, која се појави во краток, жолт фустан со огромен шлеп.
View this post on Instagram
Што мислите – која од познатите убавици најдобро ја заврши задачата?
View this post on Instagram