Актерката од култната серија „Беверли Хилс“ ја губи битката со ракот: Подготвив фустан во кој сакам да ме погребаат! (ФОТО)

Тажно...

Шенон Доерти на социјалните мрежи неодамна објави тажни вести за својата борба со рак на дојката, кој е во четвртиот стадиум, а сега се проширил и на мозокот..

„12 јануари, 2023 година. КТ на петти јануари покажа метастази на мозокот. Вчерашното видео видео покажува процес на поставување маска кои ја носите кога го зрачите мозокот. Првиот круг на зрачење почна на 12 јануари. Мојот страв е очигледен. Премногу сум клаустрофобична и многу пати се случувало тоа во животот. Среќна сум што имам сјајни доктори како што е Амина Мирахдија и медицинските сестри во болницата, но тој страв… Промените… Времето во кое сето тоа доаѓа. Вака може да изгледа ракот“ – навела во снимката.

Пред тоа кажала дека пишувала проштални писма и снима пораки за своето семејство. Таа подготвила и облека во која би сакала да биде погребана.

„Подготвив фустан кој го добив од една блиска пријателка пред неколку години. Во него се чуствувам посебно. Сакам да бидам убава. Сакам на сите да им останам во најдобро сеќавање. Се трудам последните месеци да ги исправам некои односи, да се извинам на луѓето кои сум ги повредила свесно или несвесно. Продолжувам да живеам со полни гради и уживам во ова малку време кое ми остана“ – истакнала актерката.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.