Скопјанката Оле Петрова ја докажа својата невиност на Миконос: Сега се врати повторно таму, па позираше со лисици на раце! (ФОТО)

Беше обвинета за учество во трговија со дрога...

Минатото лето на грчкиот остров Миконос беше уапсена контроверзната скопјанка Оле Петрова, каде помина 9 месеци во притвор.

Оваа вест тогаш со брзина на светлината се прошери на социјалните мрежи, со оглед на тоа дека Петрова важи за доста популарна личност на социјалните мрежи..

Причината за апсењето беше наводно нејзина вмешаност во продажба на дрога, меѓутоа судот во Грција донесе одлука за нејзино ослободување, бидејќи Петрова ја докажа својата невиност во врска со овој случај.

Таа на слобода излезе уште на почетокот на летово, а неодамна Петрова беше повторно во посета на Миконос, од каде објави неколку фотографии на социјалните мрежи.

Имено, Петрова се сликаше со импровизирани лисици на рацете, најверојатно сакајќи да си направи шега на своја сметка..

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.