Боки 13 е пуштен од затвор поради лоша здравствена состојба, а ова е последната слика од затворот (ФОТО)

Боки е конечно на слобода

Бојан Јовановски алијас Боки 13 поради лошата здравствена состојба е пуштен од затвор, кривичниот суд добил лекарски извештаи од повеќе клиники, но и повеќе доктори, како и цели лекарски конзилиуми.

Адвокатот Владимир Туфегџиќ, бранител на Јовановски, посочува дека ја добиле одлуката, за која вели дека е праведна.

По однос на прашањето за кое пројавувате интерес, како бранител ја потврдувам информацијата дека Основниот кривичен суд Скопје донесе одлука за прекин на издржувањето на казна затвор за осуденото лице Бојан Јовановски и истата е доставена до осуденото лице. Ваквата одлука иако е задоцнета истата е за поздравување како законита, правична и пред се хумана, донесена врз основа на две последователни позитивни мислења од надлежниот Јавен обвинител во рамки на иста постапка и врз основа на комплетната медицинска документација за здравствената состојба на осуденото лице – вели Туфегџиќ.

Имено, на почетокот на оваа година на Интернет се појави фотографија од Боки од затворската ќелија на која тој позира со седум затвореници.

Како што може да се види на фотографијата, неговиот изглед е доста изменет, особено тежината, а фотката се појавила неколку месеци откако тој наводно бил претепан од тројца затвореници.

Фото: Фејсбук

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.