Загатка што ФБИ им ја поставува на кандидатите на разговор за работа: Ретко кој успева да ја реши, пробајте и вие!

Проверете дали можете да ја решите

ФБИ им ја поставува оваа загатка на кандидатите на разговор за работа, проверете дали вие можете да ја решите

Тешко е да се добие работа како ФБИ агент, а според некои податоци, само пет отсто од пријавените ја добиваат работата.

Тие поминуваат низ разни тестирања за да се утврди дали имаат потенцијал за работа, односно дали размислуваат креативно, како им работи логиката, колку внимание обрнуваат на детали и слично.

За да го стеснат бројот на кандидати, лицата задолжени за интервјуирањето мора да најдат начин да ги откријат нивните предности и мани, но и степенот на интелигенција.

Метју Паландра на ТикТок објавил видео во кое ја открил загатката што ФБИ наводно им ја поставува на потенцијалните кандидати на интервјуто за работа во оваа служба.

„Маж и жена излегуваат на пијалак на својот прв состанок. Денот е топол и летен, па додека мажот и жената го чекаат оброкот, и двајцата добиваат по една чаша вода со мраз“, вака започнува загатката.

„Жената многу се поти и многу е жедна, па уште на почетокот испива три чаши ладна вода со мраз, додека мажот ја пие својата вода за време на оброкот. Подоцна истиот ден, мажот ѝ праќа порака на жената во која ѝ вели дека е болен и дека се чувствува многу слабо. Пред полноќ, полицијата го прогласува за мртов. Кога ја приведуваат жената на испитување, се утврдува дека и нејзиниот и пијалакот на нејзиниот партнер биле отруени“, вака завршува загатката.

Станува збор за тешка задача што ретко кој успева да ја реши. Треба да се одговори на прашањето зошто мажот умрел, а жената не? Размислете и обидете се да го пронајдете точниот одговор.

@themagicmatt What was in his drink?😳🥂#riddle#solve#trythis ♬ Damned – Kevin Sherwood

Решение:

Жената била многу жедна, па брзо ја пиела водата. Отровот се наоѓал во мразот, поради што таа во своето тело внела мала количина на отров. Мразот не успеал да се стопи навреме за да може отровот да ја убие. Од друга страна, мажот ја пиел водата полека и во својот организам внел голема количина на отров, бидејќи мразот се стопил во неговата чаша.

Таен метод на агентите од ЦИА со кој исчезнува секоја болка: Кога ги мачеле, тие го замислувале ОВА и не чувствувале НИШТО!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.