Марго Роби нѐ врати во 60-тите, изгледа совршено на црвениот тепих (ФОТО)

Ретро и привлечно...

Неверојатно заводливата позната актерка Марго Роби се појави на доделувањето на наградите Готам во Њујорк Сити во впечатлив изглед инспириран од оригиналната Барби од 1964-та година.

Актерката е олицетворение на елеганцијата, секогаш изгледа феноманелно, но овојпат сите ги засени со привлечниот ретро изглед инспириран од оригиналната Барби кукла. Роби носеше црн фустан без прерамки и проѕирна наметка со машна на деколтето од модната куќа Прада.

Холивудската убавица, после нејзината улога во летниот хит-филм во повеќе наврати се појави во изглед инспириран од Барби, но вели дека не можела да ја избере својата омилена Барбика.

„Ова е Барбика од 1964 година и Рут Хендлер вели дека и е омилена” – истакна актерката.

Марго го комплетираше својот аутфит со црни потпетици од Маноло Бланик и црни кожни ракавици. Таа, исто така носеше бисерни обетки додека одеше на црвениот тепих заедно со нејзиниот сопруг Том Акерли, заедно изгледаат совршено.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Margo ♡ (@margowithoutt)

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.