Ги тепала, силувала и брутално ги измачувала: Лековерните девојки ќе го паметат нејзиното лице до смртта!

Која е актерката што вовлекувала девојки во секта?

Актерката Алисон Мек била брутално сурова

Актерката Алисон Мек се прослави со ТВ-серијата „Смолвил“, а потоа заврши во затвор поради подведување жени во озлогласениот секс-култ NXIVM. Култот е познат по мачење, злоупотребување, жигосување и силување жени. Алисон Мек поминала 2 години во затвор.

Во 2021 година била осудена на 3 години за рекетирање, но била ослободена по само 2 години поради добро однесување. Четириесетгодишната Мек му била десна рака на Кит Раниер, водичот на озлогласената секта, кој бил осуден на цели 120 години затвор.

Пред изрекувањето на казната, таа напишала покајничко писмо со кое ѝ се обратила на јавноста.

„Сега многу ми е важно да кажам дека ми е жал од длабочините на моето срце. Му се посветив на учењето на Кит Рениер со сè што имав. Со сето срце верував дека неговото менторство ме води кон подобра, просветлена верзија од мене. Му ги посветив мојата лојалност, моите ресурси, а на крајот и мојот живот. Тоа е најголемата грешка во мојот живот.

Жал ми е за сите што ги доведов во NXIVM. Жал ми е што ве изложив на подлите и емоционално насилни шеми на извитоперен маж. Жал ми е што ве охрабрив да ги употребите своите ресурси за да учествувате во нешто што на крајот беше толку ужасно. Полека ја сфаќам одговорноста што ја имам во животите на оние што ги сакам и чувствувам голема вина поради тоа што ја злоупотребив вашата доверба, водејќи ве по лош пат“, изјавила Алисон.


Нејзините адвокати побарале од судот да не ѝ додели затворска казна, бидејќи ја препознала ужасната неправда што им ја нанела на жените кои ги мамела во култот. Истакнале дека Мек жестоко ги осудила постапките на Раниер и сè што правела за него.

Алисон била уапсеа во 2018. и била обвинета за тргување со сексуални услуги и тешка, присилна работа. Ја признала вината и рекла дека ги манипулирала жените за да му станат сексуални робинки на Раниер, кој минатиот октомври бил осуден на 120 години затвор.

„Бев изгубена. Морам да ги сносам последиците од моето однесување“, рекла актерката во солзи на судот во Бруклин.

Бруталност и тортура

Во текот на судењето бројни жртви ја опишале слатката холивудска актерка како „исклучително сурова, која ги застрашувала и брутално ги казнувала“. Жените кои биле во култот често биле изложени на психичко, физичко и сексуално насилство. Биле принудувани на оргии, а задолжително биле жигосувани и казнувани со ќотек, доколку не им се потчинеле на надредените.

Биле принудувани на тешка физичка работа и биле третирани како робинки. Биле принудувани и на абортуси, а потоа повторно биле силувани и морале да бидат достапни за сексуални односи кога и да било побарано тоа од нив.

Неретко биле изгладнувани и снимани за време на односите, за подоцна да бидат уценувани со нив. Тужителите откриле дека токму Алисон била една од тие што ги фотографирала и снимала, а потоа му ги испраќала сликите на Раниер.

Светот е во шок по сознанието дека оваа жена е ослободена од затвор: Била членка на култ, а она што го правела е МОРНИЧАВО
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.