Диетата на фаталната турска актерка со која се преполовила: За 7 дена симнува и до 5 килограми!

Диетата на познатата актерка

Диетата на Ханде Ерчел дава сериозни резултати, бидејќи со неа и најубавата турска актерка успеала да се преполови

Фаталната турска актерка и моделка Ханде Ерчел ги освои срцата на публиката со улогата на Еда во популарната ТВ-серија „Чукни ми на врата“. Позната е како по убавината, така и по својот актерски талент.

Таа важи за една од најубавите турски актерки, а со години се мачела со вишокот килограми. За да ја доведе линијата до совршенство, го сменила начинот на исхрана, а покрај тоа, користела и посебен чај за согорување калории и масти.

Нејзините најнови фотографии на социјалните мрежи се најдобриот доказ дека трудот се исплател, бидејќи актерката изгледа фантастично, што значи дека диетата дава сериозни резултати.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hande Erçel (@handemiyy)

На самиот почеток нејзината диета била ригорозна, но по првите резултати, актерката решила да си даде мал одмор.

„Симнував и до 5 килограми неделно. Во тој период јадев само течна храна. Живеев на супи и вода. Сè уште внимавам, но не е толку ригорозна“, рекла таа за турските медиуми.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hande Erçel (@handemiyy)


Од исхраната комплетно го исфрлила шеќерот и јаглехидратите, а кога ќе почувствува глад помеѓу оброците јаде зелено јаболко. Покрај оваа диета, Ханде пиела вода со органски цејлонски цимет, кој благотворно влијае врз целиот организам, а истовремено ги топи мастите.

Иако диетата на Ханде Ерчел дава резултати, пожелно е да побарате совет од нутриционист или лекар, пред да почнете да ја практикувате.

Ова е диетата на Наташа Беквалац: За еден месец симнала 10 килограми
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.