Ова е диетата на Наташа Беквалац: За еден месец симнала 10 килограми

Овие намирници никако не смее да ги јаде!

Првите шест дена треба да се придржува до режимот, додека седмиот ден е сосема поинаку.

Пејачката Наташа Беквалац е една од најубавите и најзгодните жени на јавната сцена. Нејзиниот изглед е резултат на редовните тренинзи и на посебниот режим на исхрана, кој го сподели со јавноста.

Наташа, која моментално има помалку од 60 килограми, го објави својот план за исхрана на Инстаграм.

Дозволена храна:
Сите видови месо (освен мрсно свинско).
Млечни производи со што е можно помалку јаглехидрати (на пример, фета-сирење, јогурт, урда).
Зеленчук како зелка, зелена салата, краставица, карфиол, брокула, кромид, домат, тиквички, спанаќ.
Јајца на секој начин.
Јаткасти плодови (до една шака на ден).
Вода (2,5 l на ден).

Храна која треба да се избегнува:
Печива.
Овошје (освен недела).
Компири, соја, грав, боранија, тестенини, грашок, ориз.
Грицки, слатки, сокови.

Оваа диета треба да ја следите првите шест дена, додека седмиот ден можете да јадете тестенини, компир и ориз за појадок и ручек, но без слатки. Ако сакате десерт, можете да земете една лажица мед или интегрални бисквити. По седмиот ден продолжува диетата без јаглехидрати.

Оваа диета може да ви помогне да изгубите и до 10 килограми за еден месец, а освен тоа, ефикасно ги согорува мастите додека ја зачувува мускулната маса.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.