2 пати го преживеала канцерот познат како „тивок убиец“: „Чувствував дека не сум добро, но лекарите ги занемаруваа овие знаци!“

Скриени симптоми

Жена што преживеала рак открива кои симптоми ги занемариле лекарите и се надева дека нејзината приказна ќе спаси нечиј живот

Шери Ролинс од Северна Каролина има речиси 50 години, а до 2017 година живеела потполно нормално, иако се соочувала со големи болки во грбот. Меѓутоа, лекарите ја уверувале дека сè е во ред, иако таа чувствувала дека нешто се случува во нејзиниот организам. Ја следела својата интуиција и побарала мислење од друг лекар – тогаш започнала нејзината борба за живот.

Досега двапати преживеала рак на дебело црево, а по бројните совети и различни начини на лекување, одлучила да ја сподели својата приказна и да открие кои знаци на болеста ги занемариле лекарите на првиот преглед.

Таа отишла на доктор и направила скен, по што ѝ кажале дека има лезии на црниот дроб, но дека тоа не е ништо и дека не треба да се грижи. Откако и понатаму сметала дека нешто не е во ред со нејзиното здравје, побарале мислење и од втор лекар, кој ѝ закажал магнетна резонанца. По добиените резултати, било утврдено дека станува збор за рак на дебелото црево во четврти стадиум, кој се проширил на црниот дроб.

„Татко ми имаше рак на дебелото црево и почина во раните 50-ти години. Веројатно требаше да одам на колоноскопија, но не верував дека ќе ми се случи нешто такво. Бев здрава и секогаш одев редовно на прегледи“, раскажала Шери.

Ракот на дебело црево се нарекува и „тивок убиец“, бидејќи неговите симптоми честопати не се покажуваат во раните фази. Како и во случајот на оваа жена, болеста обично се открива во доцна фаза.

Тоа е втората водечка причина за смрт од рак во САД, според Светската здравствена организација, а во 2020 година имало повеќе од 1,9 милиони нови случаи. И покрај поразителната дијагноза, Ролинс напишала дека никогаш не се чувствувала осудено, дури ни кога морала да подлегне на едногодишна хемотерапија и операции. Четири години подоцна повторно почувствувала дека нешто не е во ред во нејзиното тело.

„Четири години бев во ремисија. Мислите дека сте победиле. Но потоа повторно ми се појавија симптоми, многу ослабев. Секое одење во тоалет беше болно. Ми се појави и крв во столицата. Често имав гасови. Бев слаба и постојано уморна“, рекла таа.

Во тој период сè уште одела на редовни прегледи и скенирања, и сите резултати биле во ред. Но повторно чувствувала дека нешто не е во ред, иако онкологот ја уверувал дека веќе нема карцином.

Но оваа мајка на две деца, за жал, повторно била во право. Во март 2022 година докторот признал дека болеста се вратила, бидејќи била пронајдена лезија во нејзиниот ректум. Исто така, додал дека тоа не било воочено рано, бидејќи лезијата била подалеку од местото на првобитниот рак. Овој пат туморот се проширил надвор од дебелото црево во карличното дно.

Примала интраоперативна радиотерапија и имала и повеќе хемотерапии. Сега Шери е фокусирана на тоа да го подобри здравјето, како и да ужива во секој нов ден, а нејзините два сина ѝ се најголема поддршка. Се надева дека нејзината приказна ќе помогне да се спаси нечиј живот.

Раното откривање на рак на дебело црево значи живот: Еве кога е време да одите на доктор!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.