Му кажа „НЕ“ на алкохолот: Александра Младеновиќ не пие веќе 4 месеци! (ФОТО)

Сакала чашка повеќе...

Пејачката и поранешна учесничка во музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, Александра Младеновиќ, вчера се појавила на прославата по повод првиот роденден на синовите на Ивана Павковиќ и Петар Митиќ.

Видно дотерана и расположена, Александра пред да влезе во салата, разговарала со медиумите, па ја споменала и свадбата на Дарко Лазиќ, каде како што истакнала, пиела само вода.

Младеновиќ го оставила алкохолот, баш како и Лазиќ, а еве што е причината.

„На свадбата на Дарко беше прекрасно, иако не пиев алкохол. Супер си поминав. Не пијам веќе три-четири месеци, видите колку сум ослабела. Подобро се чуствувам“ – рекла пејачката.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.