Сека Алексиќ ужива со семејството во својата куќа во Стара Пазова, во близина на Белград, која ја изгради пред да заплови во љубовна врска со сопругот Вељко Пиљикиќ, остварувајќи го својот сон.
Како што самата објасни во своите интервјуа, отсекогаш сонувала за голема куќа, со базен, која ќе биде далеку од гратскиот метеж, а сепак доволно блиску за да може навреме да се појави на настаните и гостувања во српската престолнина. Токму затоа, пејачката купи имот во Стара пазова и изгради куќа по сопствен вкус.
Судејќи по фотографиите што ги објавува на социјалните мрежи, и пред карантинот, Сека ужива времето да го поминува во својот раскошен дом, каде што готви, си игра со синовите Јаков и Јован, вежба со сопругот Вељко, плива во базенот или пие кафе во својата уредена градина.
View this post on Instagram
Danas ovako 🥳 Jakov pozeli a mi sta cemo?! Deci se zeljice ispunjavaju, deca sve pamte! 💙
Фото: Инстаграм