Цеца Ражнатовиќ пресече и донесе важна одлука, која ќе ѝ го смени животот

Остава комплиментите да зборуваат за резултатите

Цеца Ражнатовиќ одлучи да ги смени животните навики и целосно да се посвети на поздрав начин на живот.

Се соочив сама со себе и си ветив дека ќе живеам поздраво! Едноставно, дојде тој миг. Посетив одлична нутриционистка. Со години се знаеме преку заеднички пријатели и таа постојано ми велеше: ‘Дојди, Цеки, малку да ти ја коригирам исхраната’“, изјави Цеца за српскиот весник „Курир“, и додаде:

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by C E C A (@cecaraznatovic) on

Секогаш наоѓав изговори дека мене не ми е потребно тоа. Сметав дека се хранам здраво, а и редовно постам. Но сепак седнавме, направивме список од желби и неопходности и уживам во тоа.“

Исто така, пејачката истакна и дека ги оставила цигарите.

Многу брзо се навикнав на новиот режим на исхрана и многу ми годи. Пвата недела ми беше најтешко, но потоа сè оди како подмачкано. Како и многу други пушачи, цигарите ги оставав од утре, од понеделник, по викендот… Лесно е да најдеш изговор. Но во еден миг сфатив дека не ми годат и лесно ги оставив. Се случува тоа во животот“, објаснува Цеца.

Но тоа не е сè! Иако не е љубител на вежбањето, Цеца одлучи да го смени и тој свој став.

Полека, па јас немам веќе 20 години. Не сум поборник на вежбањето, тешко е да ме натераш на тоа, но сè се може кога се сака. Но нека зборуваат резултатите за тоа, односно комплиментите што ќе почнам да ги добивам, а не јас да се фалам“, изјави Цеца за споменатиот весник.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.