Кралското правило кое Меган и Кејт постојано го прекршуваат

Во последно време, ретко некој кралски настан да помине без прекршување правила. Воглавно се работи за, за нас смешни правила, но сепак правила се правила. Откако стана војвотка, Меган Маркл постојано ги прекршува, но изгледа дека не е единствена.

Во прекршувањето на ова правило, војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон всушност води, а станува збор за носење дијамантски накит во текот на денот.
Имено, како што пренесува “In Style”, кралското правило налага, до 18ч. да се носат бисери, различни метали (злато, сребро), скапоцени камења, сафири и накит. А после 18ч. се дозволени суптилни дијаманти, кои не смеат да бидат наметливи.

Кејт тоа правило речиси секојдневно го прекршува, бидејќи воглавно ја гледаме со дијамантни обетки, на кои и Меган им е верна, особено на оние кои ѝ ги подарила кралицата Елизабета Втора.

Инаку, постојат два исклучоци за ова, за многумина бизарно правило. Ако станува збор за венчален прстен или верски накит (тука спаѓа накитот кој, членовите на кралското семејство го добиле како подарок кога примале свети тајни), тогаш е дозволено да се носи тој накит во било која доба и за било која прилика.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време