Жените над 45 години не треба да се облекуваат вака: Во оваа облека изгледате смешно и дегутантно, колку и да сте згодни!

Нагласете ги најдобрите адути

Некои знаци на стареење едноставно не може да се сокријат

Кога станува збор за модата, предноста на жените повозрасни од 45 години е тоа што идејата за нивниот стил е веќе формирана, туѓото мислење веќе не е толку важно, а тие се самоуверени и знаат како да ги износат парчињата што добро им стојат.

Сепак, дури и на најдобрите им се случува да ги направат следниве грешки, поради кои изгледаат смешно, а понекогаш и вулгарно и просто!

Светла шминка

Употребата на декоративна козметика со премногу светли нијанси може да се чини бунтовнички и атрактивно, но по 45-та година, сепак, подобро е да се потпрете на природноста. Мирните нијанси на ладни или топли бои деликатно ќе ги нагласат вашите најубави црти на лицето.

Внимателно користете производи со светкавци. Средината на четириесеттите години е времето кога треба да заборавите на производите за самопотемнување, како и на исцртувањето надвор од контурите на усните.

Животински дезен

На оваа возраст, обичните ткаенини во боја изгледаат најдобро. Дезените на диви животни треба многу внимателно да ги дозирате. Ако не сакате да се откажете од овој популарен принт, комбинирајте го со дискретни, едноставни парчиња.

Облека со погрешна големина

Хармонијата и балансот се најважните правила. Вреќестите модели нема да ви помогнат да ги сокриете недостатоците, напротив, дополнително ќе ги нагласат. За вас не е најважно да ги следите трендовите, туку да го носите она што добро ви стои, а такви парчиња сигурно има многу.

Мини-здолниште и предлабоко деколте

Годините прво се гледаат на рацете, колената и на вратот. Тоа не значи дека треба да бидете покриени од глава до пети, но секако време е да заборавите на мини-здолништето и дегутантно длабокото деколте. Што се однесува до должината на здолништата и фустаните, најдобар избор се миди-моделите или оние малку над колената, како и три-четврт ракави.

Нови начини на комбинирање

Ако имате повеќе од 45 години, не значи дека треба да ја фрлите целата гардероба, само треба да ја комбинирате поинаку. На пример, отсега носете ги фармерките со широка кошула наместо со тесна маица вовлечена во панталоните.

Модна заклетва на модерните жени: Кога ќе наполните 50, не смеете да изгледате вака!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.