Не е за срамежливи: Дали ова е најбезобразното издание на црвениот килим?

На доделувањето музички награди

Што мислите вие за ова „економично“ издание?

Пејачката Халси се појавила на доделувањето музички награди и ги натерала модните критичари на размислување: дали ова е најбезобразното издание на црвениот килим?

Знаеме дека економично сигурно е, со оглед на тоа што пејачката носела нешто слично на бикини во комбинација со панталони со широки ногавици. Во секој случај, за оваа комбинација ѝ требало многу малку материјал.

 

Халси минатиот јули го родила своето прво дете и ова е нејзиното премиерно појавување по породувањето. Во оваа пригода го покажала неверојатно затегнатото тело на кое оваа чудна модна комбинација совршено му прилегала.

Сребрените ленти на трикото едвај ги покривале нејзините гради, додека драматичните црни панталони се спуштале ниско на колковите. Дали Халси повторно го воведува модниот тренд на панталони со низок струк?

Како ви се чини ова модно издание?

 

View this post on Instagram

 

A post shared by halsey (@iamhalsey)

Убедливо најлошо облечената жена синоќа била Хајди Клум: Зошто ли одбрала ваков стајлинг?
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.