Се разведе од најпознатиот спортист, па се појави без панталони: Како е возможно оваа жена да изгледа толку добро?!

Погледнете

Жизел Бундшен знае како да остави впечаток

Супермоделката (43) се појавила без панталони на отмената Модна недела во Њујорк во саботата вечерта.

За оваа пригода, славната супермоделка Жизел Бундшен се појавила само во тексас-јакна, речиси една година по разводот од сопругот Том Брејди.

Самохраната мајка на две деца ги покажала своите затегнати нозе додека носела ултракратка јакна, стилизирајќи ја само со пар модерни црни кломпи.

Бундшен сè уште ги носи своите истакнати прамени и брановидна фризура, која е нејзин заштитен знак, секогаш надополнета со минимална шминка и без никаков накит, освен часовник.

Бразилската убавица во текот на целата вечер била забележана како муабети со основачот и креативниот директор на брендот Frame, Ерик Торстенсон, заедно со манекенката Марија Борхес.

Поранешната моделка на Victoria’s Secret се држеше подалеку од јавните настани во текот на изминатава година, откако се разведе од Том Брејди. Меѓутоа, неодамна проговори за тоа дека секогаш ќе биде тука за најстариот син на нејзиниот бивш, Џек, „без оглед на сè“.

По нивниот развод, Том Брејди бил неколку пати виден со Ирина Шајк, поранешната партнерка на Бредли Купер, па се претпоставува дека нивната врска веќе некое време трае.

Изгледа дека Жизел не се преоптоварува премногу околу сето тоа, а нејзиното совршено издание на Њујоршката модна недела е доказ за тоа.

Како вам ви се допаѓа последното издание на прекрасната Жизел?

Ова никој не го очекуваше од неа: Жизел Бундшен игра стриптиз на шипка! (ВИДЕО)
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.