Ќе се раплачете: Момче од Украина пристигна во шпанско училиште – другите дечиња му се „нафрлија“ да го гушкаат! (ВИДЕО)

Емотивно!

Фото: Принтскрин

На ТикТок се појави видео на кое се гледа мало момче од Украина кое го пречекуваат во училиште во Мадрид.

На емотивното видео се гледа како наставничката ги запознава своите ученици со нивниот нов соученик, момче кое пристигнало од Украина како бегалец.

Децата од одделението го прегрнуваат детето кое со мајка му и тримесечната сестричка пристигнале во Шпанија и се сместиле кај роднини.

Таткото на момчето не можел да им се придружи бидејќи морал да остане во Украина за да се бори за својата татковина.

Снимката од украинското момче во новото училиште предизвика многу реакции на социјалните мрежи.

Погледнете:

@denis.on22 #ukразом #україна #іспанія🇪🇦 ♬ nhạc nền – Chill Uot Lofi

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.