Чоколаден кокос-ролат од само 3 состојки: Готов за 15 минути, а вкусот е божествен! (ВИДЕО)

Совршен десерт

Кокос-ролатот без печење се приготвува за миг, а буквално се топи во уста со секое залаче

Некогаш тешко е да се најде инспирација за да направиме нешто брзо, вкусно, а убаво, по едноставен рецепт и без многу мака.

Овој колач има само три состојки и е идеален за ненајавени гости, а особено ќе ги воодушеви љубителите на кокос. Најдобро е тоа што воопшто не треба да вклучувате шпорет, а ќе биде готов максимум за 15 минути.

Состојки:
  • 300 г кокосово брашно
  • 200 мл кондензирано млеко
  • 30 какао во прав
Приготвување:
  • Во чинија сипете кокос, додајте кондензирано млеко, па сето тоа промешајте го за да се соедини убаво. Доколку ви е полесно, можете да ја изгмечите смесата со раце.
  • Поделете ја на две дела, па едната половина помешајте ја со какао во прав.
  • На леплива фолија, прво обликувајте го белиот дел во правоаголник со дебелина од околу половина сантиметар.
  • Истото направете го и со црната смеса, па префрлете ја преку белата кора.
  • Со помош на фолијата, внимателно направете ролат, завиткајте го и оставете го во фрижидер половина час да се стегне.
  • Потоа, исечете го на парчиња и послужете го.

Погледнете го следното видео за подетални упатства…

Љубителите на кафе ќе го обожаваат: Пробајте го овој превкусен капучино-ролат!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.