Само Деми Мур може да „грми“ во седмата деценија: Ги довела ќерките на црвениот килим и не се знае која е поубава!

Деми Мур изгледа совршено со ќерките

Актерката Деми Мур се појавила во издание што само нејзе може да ѝ стои толку добро

Актерката Деми Мур се појавила на забавата по „оскарите“ во организација на списанието „Венити Фер“, во издание што ретко која жена на 60 и повеќе години може да го облече, а да изгледа совршено.

Актерката се појавила на забавата со своите ќерки, Румер, Талула и Скот Лара Вилис.

Актерката го привлекла сето внимание со својот тенок струк во кафен сатенски фустан, кој имал ремчиња украсени со драги камења. Се чини како кодексот на облекување на забавата да бил „што поразголено тоа подобро“ судејќи според изгледот на повеќето ѕвезди, а и Деми Мур не била исклучок.

Можело да се воочи нејзиното вито тело низ делтоидните отвори прицврстени со тенки синџири на предниот дел од фустанот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Demi Moore (@demimoore)

Нејзината темна коса била елегантна и рамна, така што совршено паѓала, додека од шминка одбрала „зачаден“ стил на очите (уште еден тренд од доделувањето „оскари“) и усни во боја на корал. Од накит, одбрала гломазни белегзии, прстени и обетки во форма на кроасан, од швајцарскиот бренд „Шопар“. Покрај тоа, изгледот го надополнила со клач-чанта во истата кафена нијанса како фустанот.

Како ви се допаѓа актерката?

Го облекла сето тоа што важи за непримерно за жена на нејзини години: Не постојат правила за оваа жена!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.