Моден прекршок на јатрвите: Меган и Кејт со својот избор покажале колку се разликуваат

Во центарот на вниманието

Јатрвите дале се’ од себе за да изгледаат гламурозно на оваа прослава, а вие проценете која изгледа подобро

На прославата на Денот на Комонвелт, празникот на заедништвото, кој некогаш се прославувал како Ден на царството, Меган и Кејт се појавиле во многу впечатливи комбинации. И едната и другата се одлучиле за јаки бои.

Се чини дека дали се’ од себе за да бидат прогласени за најдобро облечени на оваа прослава.

https://www.instagram.com/p/B9i_xmfKJ1w/

За време на церемонијата не ја симнувале насмевката од лицето, обидувајќи се да покажат дека воопшто не ги допира скандалот околу заминувањето на Меган и Хари. Имено, појавувањето на оваа церемонија е последната кралска должност што тие ќе ја извршат.

Иако најчесто можеме да ја видиме во неутрални тонови, Кејт сите ги изненадила кога се појавила во фустан во интензивно црвена боја и капут во стил што е типичен за неа. Како и секогаш, изгледала елегантно и одмерено.

https://www.instagram.com/p/B9hHvcznHVT/

Меган исто така останала доследна на својот стил, па се појавила во фустан што ја следи линијата на нејзиното тело и ги става облините во прв план.

https://www.instagram.com/p/B9hUUrZhKfT/

И двете ги заокружиле модните комбинации со интересни шешири.

https://www.instagram.com/p/B9i99Jsq7M7/

https://www.instagram.com/p/B9hUzvfnyEi/

Останува да го чуеме мислењето на модните критичари за тоа која од нив две е победничка на овој моден прекршок. Според коментарите на социјалните мрежи, обожавателите се на страната на Кејт.

Според вас, која јатрва била на висина на задачата? Пишете ни во коментари!

ФОТО: Инстаграм

Погледнете и како Меган Маркл во кошула од 29 евра и’ одржа модна лекција на Кејт Мидлтон!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.