Еве како да го одржувате телефонот чист за да се осигурите дека сте ги отстраниле сите микроорганизми од него

Добро е да знаеме

СЗО објави многу детали за правилното миење на рацете за време на епидемијата на Ковид-19, кое е најдобра заштита од заразување, но доколку ги измиете рацете, па го земете телефонот, ништо не сте постигнале.

Еве како да го одржите својот телефон чист и да бидете сигурни дека сте ги отстраниле сите бактерии од него.

1. Исклучете го телефонот пред да започнете со чистењето.

2. Користете ткаенина од микрофибер, која ја употребувате за чистење на своите очила. Ако имате телефон кој е водоотпорен, можете да користите и топла вода и сапун, но избегнувајте на тој начин да ги чистите отворите на телефонот.

Прочитајте и: 10 причини зошто на вашето дете да не му давате телефон пред 10 години

3. Ејпл и Самсунг советуваат да не користите производи за чистење бидејќи тие можат да го оштетат екранот на допир. Разредете некое средство за чистење и бидете нежни кога го чистите екранот – избришете ги телефонот и маската од сите страни.

4. Ако сте плашите дека ќе го оштетите екранот, купете заштита за екранот, а потоа бришете го телефонот преку заштитата бидејќи нејзе можете лесно да ја замените.

5. Измијте ги рацете пред и по користењето на телефонот пред да го допрете до лицето.

6. Ако често зборувате на телефон, користете слушалки наместо да го допирате телефонот до лицето. Сепак, чистете ги и слушалките бидејќи ни тие не се отпорни на бактерии.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.