Вкусен специјалитет од месо: Царски ролат достоен за сечија трпеза

Пробајте!

Ролат од месо што ќе ве остави без зборови

Состојки:
  • 2 кг царско месо
  • 2 главици црвен кромид
  • 100 г мелени лешници
  • 300 г мешано мелено месо
  • 2 лажици сушена брусница
  • 1/2 китка сечкан магдонос
  • 1 лажиче оригано
  • 2 јајца
  • пипер
  • сол
  • масло
Приготвување:

1. Царското месо се посолува и се посипува со оригано.

2. Црвениот кромид се чисти и се сече на коцкички, па се пржи на малку масло.

3. Во сад се соединуваат меленото месо и лешниците, па се додаваат јајцата, сечканиот магдонос и брусницата. Се посолува и се запиперува по желба, па добро се меша за да се поврзат состојките.

4. Зачинетото царско месо се премачкува со приготвениот фил, а потоа цврсто се витка во ролат.

5. Обликуваниот ролат се врзува со кујнски конец. Се поставува во намрсен плех за печење и се пече во загреана рерна на 200°С, додека порумени. Потоа се прекрива со фолија и се продолжува со печење уште половина час, додека се испече и полнетата средина.

6. Печеното месо се остава да се лади, а потоа се отстранува кујнскиот конец и се сече на резанки.

Извор: Добра храна

Сигурни сме дека ќе ви се допадне и овој гурмански деликатес: ролат од пилешко месо.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.