Ким Кардашијан во „брутално“ издание (ФОТО)
Боб-фризура и тотално црно за излегување со Канје Вест
Најпознатата светска риалити-ѕвезда Ким Кардашијан воведе револуција во светот на модата. Таа на голема врата ги врати заборавените модни трендови, како што се бициклистичките и хеланките, а ги носи на начин на кој малкумина би се осмелиле да ги комбинираат.
Па така за вечерното излегување со сопругот Канје Вест, Ким избра комбинација во свој стил: црни хеланки и краток топ, а двете парчиња имаат втиснати шари.
По обичај, на нозете носеше проѕирни сандали кои ги обожава, бидејќи визуелно ги издолжуваат нозете.
Фото: Инстаграм