Кетрин Зита Џонс и Мајкл Даглас на вечера во Портофино (ФОТО)

Папараци

Кетрин Зита Џоунс (49) и Мајкл Даглас (75) одмораат во популарното летувалиште Портофино во Италија. Холивудската двојка е забележана за време на вечерата во еден ресторан, а судејќи по нивното однесување, и покрај тоа што се во брак скоро 20 години, актерите се’ уште се сакаат како и во 2000-та година, кога го изговорија судбоносното „да“.

За вечерното изгледување, Кетрин избра прекрасен макси-фустан, украсен со ефектни извезени детали во бохо-стил, со елементи во сина боја.

Севкупниот стајлинг го зачинила со висечки обетки во форма на капки со син камен, бели еспадрили со полна петица и со култно чантиче од змиска кожа со потписот на модната куќа „Шанел“. Легендарниот актер, пак, се одлучил за црни фармерки и кошула во пастелно-зелена боја.

Но и во дневна варијанта Кетрин направи исклучителен избор за прошетка по крајбрежјето – бел долг фустан од тантела и шапка, додека, пак, Мајкл уживаше во опуштена спортска комбинација со морски мотиви, се разбира во сина боја.

 

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.