Принцот Хари и Меган Маркл сите ги отследија на Инстаграм, а еве зошто (ФОТО)
Неверојатна причина
Принцот Хари и Меган Маркл утринава веќе никого не следат на Инстаграм, а причината е неверојатна.
Имено, славната кралска двојка почнува уште една хуманитарна кампања.
Во август ни е потребна вашата помош. Сакаме да знаеме каде пронаоѓате сила за промените. Ве молиме во текот на следните неколку дена да ги оставате во коментар предлозите на личности на кои им се восхитувате, организациите што се занимаваат со работи за кои би требало да знаеме многу повеќе, профилите што ве инспирираат и носат оптимизам за светла иднина. Ќе избереме 15 профили и ќе почнеме да ги следиме идниот понеделник“, напишаа Хари и Меган на својот инстаграм-профил.
Фото: Инстаграм, Getty Images