Италијанската модна икона го зачинила стајлингот со најскапата чанта на светот: Чини повеќе и од некои недвижнини!

Професионална шопингхоличарка

Омилената италијанска модна блогерка и дизајнерка Кјара Ферањи, која стана една од водечките светски инфлуенсерки, повторно ги шокирала сите со својата импресивна колекција на дизајнерски чанти

Италијанската љубимка Кјара Ферањи веќе некое време немавме можност да ја видиме во јавност. Славната модна дизајнерка и блогерка ги прекина повеќето ангажмани на некое време, со оглед на тоа што таа и сопругот, музичарот Федез, го чекаат своето второ дете.

Кјара среќната вест ја споделила со пријателите на Инстаграм и оттогаш деновите ги поминува со своето семејство, кое наскоро ќе стане побогато за уште еден член.

Но папараците неодамна ја забележале убавата Италијанка на улиците во Милано и брзо ја искористиле можноста да уловат фотографија од трудничкото стомаче. Тоа, за жал, не се случило, со оглед на тоа што Кјара вешто го сокрила со дебел џемпер и топол капут.

Но затоа, 33-годишната модна икона ја фотографирале со најскапата чанта на светот – познатата „Биркин“ со потпис на луксузната модна куќа „Хермес“, која достигнува износи поголеми и од некои недвижнини.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chiara Ferragni ✨ (@chiaraferragni)

Кјара својот лежерен стајлинг го зачинила со таканаречена чанта „Хималаја“ – многу редок модел, кој се смета за светиот грал на чантите и држи цена од 250 илјади долари. Изработена е од кожа на ретки нилски крокодили и препознатлива е по сиво-белата боја, а ја имаат само мал број луѓе во светот.

Инаку, оваа скапоцена чанта се смета за најдобра модна инвестиција, со оглед на тоа што нејзината популарност со години не се намалува, а зависно од моделот, чинат од 25 до 250 илјади долари.

Инаку, култната чанта е дизајнирана во 1984 година за Џејн Биркин, по нејзината случајна средба во авион со Жан-Луи Дамас, тогашниот претседател на „Хермес“. Откако на Џејн, тогаш млада мајка, ѝ испаднале работите што ги носела во чантата, тој коментирал дека би требала да носи чанта со џебови, а пејачката му одговорила дека ќе носи, штом „Хермес“ почне да прави такви чанти. Останатото е историја.

Кога Џенифер Лопез оди да вежба, носи чанта… од крокодилска кожа! (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.