Волшебна посна торта: Свечена, богата и сочна!

Одличен десерт

Запишете го овој рецепт за свечена, посна торта – ќе ви затреба

Состојки:

За кората:

  • 500 мл вода
  • 150 г шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • 4 лажици какао
  • 320 г брашно
  • 3 лажици масло
  • половина кесичка прашок за печиво (1 лажиче)
  • 50 г мелени ореви
  • 50 г кокос

За преливот:

  • 200 мл вода
  • 4-5 лажици мармалад/ џем од кајсии, шипка, јагода, праски…
  • 1 ред посно чоколадо

За филот:

  • 1 л вода
  • 2 пудинга од ванила
  • 4 лажици брашно
  • 150 г шеќер
  • 200 г маргарин (посен)
  • 50 г мелена посна плазма
  • 100 г исечкано чоколадо (посно)

За глазурата (ако сакате да ја ставите):

  • 150 г чоколадо
  • 3 лажици масло
Приготвување:

Испечете две кори од состојките. Кога ќе се оладат, пресечете ги за да добиете 4 кори. Сето тоа измешајте го и печете го во загреана рерна на 180 степени, околу 30 минути, во тепсија со димензии 25х25 или тркалезна со пречник од 28 см.

Измешајте ги состојките за преливот и премачкајте го врз оладените кори.

Потоа, пригответе го филот. Во тенџере ставете шеќер, пудинг, брашно, малку вода. Измешајте, па додајте го остатокот вода и варете со постојано мешање. Покријте го и оставете го да се олад. Додајте го маргаринот кој бил на собна температура, па добро изматете. Додајте плазма и чоколадо.

Растопете го филот. Додајте ореви за украсување и шеќер во прав. Можете да декорирате по желба.

Филувајте ја тортата: кора, прелив, фил, кора прелив фил. Ставете ја тортата во фрижидер да се стегне, па украсете ја.

Брзо и лесно: Посна торта која не се пече
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.