Блејк, што ти станало? Одамна не сме виделе ваква модна катастрофа!

Утка!

Блејк Лајвли презела голем ризик

Сите имаме модни утки, но за среќа, не сме холивудски актерки, па нашите стилски грешки честопати поминуваат незабележани, а ако некој ги забележи, брзо ги заборава.

Едноставно, некоја гардероба треба да остане таму каде што ѝ е местото, длабоко закопана во плакарот со сите крпчиња од 2010 година, за кои сме мислеле дека баш добро одат едно со друго.

На пример, такви се сите тие тесни црни здолништа од растеглив памук и со висок струк, потпетиците со претерано висока платформа, фармерки со низок струк и лошо изведени мачкини очи, со премногу црна сенка на очите.

Но Блејк Лајвли изгледа одлучила повторно да се прошета по улицата на спомените, па се облекла како за на средношколска забава.

Блејк, што ти станало?

Имено, таа облекла интензивно розов фустан во комбинација со нападни црвени потпетици на висока платформа и златна потпетица, а понела и црвена плик-чанта.

Дефинитивно не го очекувавме ова од прекрасната актерка која често знае да нé воодушеви со своите стајлинзи на црвениот килим. Но изгледа сите имаме лоши модни денови, само што ние ќе се провлечеме, а Блејк ќе има многу фотографии од нејзиното црвено-розово фијаско.

Можеби некому би му успеало да износи ваква ризична аналогна комбинација, но ризикот, секако, е преголем. Што мислите вие за овој стајлинг?

Комбинацијата со која заволдивата Блејк Лаjвли ги покори сите (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.