Комбинацијата со која заволдивата Блејк Лаjвли ги покори сите (ФОТО)

Сензуално издание

Холивудската миленичка обично не бара помош од стилист кога е во прашање облеката, но на ревијата на Мајкл Корс за колекцијата есен 2022 година се покажа дека е добро што има пријатели во високите кругови, бидејќи понекогаш, се’ што е потребно за совршен изглед е контакт со добар дизајнер.

Блејк Лаjвли на ревијата се појави во светло бело тесно здолниште, во комбинација со кроп-топ, кој го истакна нејзиното деколте.

Над комплетот носеше кратко сако, додека стајлингот го заокружи со бели потпетици со вкрстени ремчиња и со црвена, внатрешна постава на потпетицата – изглед кој целосно го истакна сексапилот на актерката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Blake Lively (@blakelively)

За една вечер која бараше помпезна најава, Корс не можеше да избере подобар претставник на својот бренд. Стокмена, со златни бранови во косата, светло црвен кармин и совршен тен, актерката заведуваше со секое движење.

Фото: Instagram

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.