Елегантни и во ист тон: Еве зошто сите погледи беа вперени во Зендаја и Том Холанд (ФОТО)

Крадци на внимание

Популарната актерска двојка пред две вечери се појави во Њујорк во совршено координирана комбинација.

Актуелниот човек-пајак и ѕвездата на филмот Dune не само што изгледаа многу елегантно туку и одлучија на состанокот да се појават во ист тон.

Зендаја облече црна предимензионирана кошула, која ја претвори во мини-фустан со детаљ во форма на кожен ремен околу половината, потоа свилени црни хулахопки и салонки со шпиц.

Том Холанд исто така изгледаше софистицирано во сивиот костум, под кој носеше црна ролка, идеално вклопена со црни, кожени чевли. Двете ѕвезди носеа исти црни маски на лицата.

Иако двојката е многу воздржана во изразувањето интимност кога е во прашање нивната романса, сепак, силните емоции што ги чувствуваат еден кон друг се многу забележливи при секое нивно заедничко појавување во јавноста. Така и овој пат, излегувајќи од хотелот во Њујорк, цело време се држеа за рака.

tom holland and zendaya in nyc

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.