Ретко ја гледаме, но затоа кога ќе се појави… Меланија повторно восхити со модното издание: Парче што секоја жена треба да го има во плакарот (ФОТО)

Модна икона

Што мислите вие за изгледот на поранешната прва дама на САД?

Меланија Трамп ретко се појавува во јавноста, сега кога веќе не е прва дама на Америка, па секое нејзино појавување е вистинска атракција. За време на нејзиниот ангажман се етаблираше како модна икона, а таква остана – нејзините модни изданија се секогаш беспрекорни.

Неодамна Меланија посети луксузен спа-центар во Њујорк, а овој пат сите погледи беа вперени во комбинацијата на славната 51-годишна дама и како и обично – не разочара.

Г-ѓа Трамп се појави во подолга маслинеста јакна со ремен од истиот материјал и сиви тесни панталони. Ги искомбинира со соодветни мокасини со високи потпетици, шарена марама и голема беж чанта.

Melanija TrampЕдноставно и елегантно, а сепак урбано и непретенциозно издание, нели? Инаку, овој модел на јакна е рецептот на Меланија за модерна комбинација со која нема грешка, која е секогаш привлечна, а сепак за секој ден.

Melanija Tramp

Инаку, додека Доналд Трамп активно најавува влез во трката за претседателските избори во 2024 година, Меланија наводно не го посакува тоа сценарио.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.