Најдобро облечените познати дами на доделувањето златни глобуси 2024: Најарогантната е и најубавата!

Ќе ви го одземат здивот!

Доделувањето „Златни глобуси“ помина во знакот на гламурозните тоалети, но една пејачка доминирала

Лос Анџелес синоќа блескаше од гламур и раскош! Имено, 81. доделување „Златни глобуси“ ги собра најголемите холивудски ѕвезди, па сите дами се потрудиле да блеснат во најдобро светло. И додека тие им го одземаа здивот на присутните на црвениот килим, наградите заминаа во рацете на оние за кои и се очекуваше.

Сепак, најголемо внимание привлекла Џенифер Лопез, која за оваа свечена пригода одбрала розов фустан што ја следи линијата на телото, со предимензионирани ракави.

Тејлор Свифт одлично се забавувала со Селена Гомез, а и двете носеле многу интересни модни комбинации. За пејачката, која и самата не знае колку награди има на своите полици, велат дека никогаш не била поубава и дека ова е едно од нејзините најдобри изданија.

Од друга страна, Селена пленела со харизмата во асиметричен црвен фустан.

Наградите „Златен глобус“, за кои гласале околу 300 новинари, беа доделени по 81. пат во Лос Анџелес, а за најдобра актера во драма беше прогласена Лили Гледстоун, за улогата во филмот Killers of the Flower Moon. Најдобар актер во комедија е Пол Џамати за улогата во божиќниот филм The Holdovers.

Остварувањето Openheimer на режисерот Кристофер Нолан и Poor Things на Јоргос Лантимос добија „Златни глобуси“ за најдобри филмови во своите категории, додека нивните главни ѕвезди Килијан Марфи и Ема Стоун беа наградени како најдобри актери.

„Златниот глобус“ за најдобар режисер му припадна на Кристофер Нолан, најдобар спореден актер е Роберт Дауни Џуниор, кој во Openheimer го играше непријателот на главниот јунак.

Давајн Џој Рендолф освои „Златен глобус“ за најдобра споредна актерка во филмот The Holdovers.

Во нашата галерија во продолжение погледнете како изгледаа другите ѕвезди на доделувањето „Златни глобуси“…

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.