Никој од друштвото не ја сакал Шакира, едвај чекале Пике да ја изневери: Еве каде е сега таа и како живее!

Развод на познатите

„Нејзина најдобра пријателка ѝ била поранешната свекрва, мајката на Џерард Пике, а ни со неа повеќе не е во добри односи“

Откако се дозна дека фудбалерот на „Барселона“, Џерард Пике, ја изневерил пејачката Шакира, со која има две деца, медиумите не престануваат да шушкаат за нивниот однос. Постојано се појавува по некоја пикантерија за поранешната врска на познатата двојка, а сега се појавија и изјави од пријателите на Пике, кои наведуваат дека вистинскиот виновник за тоа што се впуштил во афера со 22-годишна девојка е всушност Шакира!

Пике, наводно, бил жртва на славната пејачка, која била злобна и само му заповедувала, па неговите пријатели дури и ѝ го доделиле прекарот La Patrona, што во превод значи „шефица“.

„Сите пријатели на Џерард Пике ја викаа Шакира ‘шефица’, бидејќи очигледно немаше многу добар однос со неговите пријатели. Никогаш не се дружеше со нив, дури ни со другите сопруги на играчите на Барселона. И тоа од почетокот беше проблем за славната двојка. Шакира, исто така, не се чувствуваше пријатно во Барселона, а главниот проблем беше тоа што овде немаше пријатели. Нејзина најдобра пријателка ѝ беше поранешната свекрва, мајката на Џерард Пике, а ни со неа сега не е повеќе во добри односи“, рекла новинарката Лорена Васкез во едно ТВ-шоу и додала дека не било лесно да се живее со неа.

Додала и дека Шакира сака нејзините деца да останат подалеку од целата оваа ситуација и настојува да ги одбегне медиумите. Поради тоа, смета дека најдобро би било да отпатува на Мајами, но новинарката тврди дека вистинската причина за тоа е што ништо повеќе не ја врзува за Барселона.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.