Брутално добро изгледа! Пред 28 години НЕМАЛА ПАРИ ЗА УБАВ ФУСТАН, па ѝ го подарија ОВОЈ, а таа го направи легендарен: Сега има 57 години и „грми“ во сличен фустан

Постојат моменти што не се забораваат и кои се запишани со златни букви во историјата на модата, а еден од нив секако е појавувањето на славната Лиз Харли на премиерата на филмот „Четири венчавки и погреб“ во далечната 1994 година.

Во тоа време сè уште релативно непозната манекенка беше во друштво на Хју Грант, со кого тогаш беше во врска, а избра неверојатно храбар и секси-фустан на „Версаче“, на кого му го обезбеди епитетот „култен“.

Liz Harli u kultnoj Versače haljini Во децениите што следеа, многу познати дами носеа слични парчиња, но ниту една од нив никогаш не ја украде славата на Лиз! Се осмелуваме да кажеме дека токму оваа креација ја лансира меѓу ѕвездите.

Како и да е, славната бринета неодамна одлучи да го „реинкарнира“ овој момент, позирајќи во друга тоалета на „Версаче“, очигледно инспирирана од штотуку споменатиот фустан.

Згодната 57-годишна актерка докажа дека за неа времето навистина застанало, и дека сè уште може да се пофали со неверојатна фигура, во краток, светкав, розов фустан со шлиц, чии делови се поврзани со златни дискови.

Имам версаче-момент“, прокоментира Лиз и јасно укажа на сличноста меѓу оваа и креацијата што ја носеше пред 28 години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elizabeth Hurley (@elizabethhurley1)

Да потсетиме, во моментот кога оваа Британка крена прав со својот култен фустан, јавноста ја нарече „највулгарна досега“, фрлајќи по неа дрвја и камења, бидејќи атмосферата во општеството беше далеку поконзервативна отколку што е денес.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.