ЦРНИОТ ФУСТАН на Џенифер Лоренс е сон на секоја жена: Ги крие сите несакани килограми и зрачи со елеганција

Едноставниот мал црн фустан е одраз на добар стил. А Џенифер Лоренс многу добро го знае тоа. Холивудската ѕвезда уште еднаш покажа дека секоја жена мора да има вакво парче во својот плакар, бидејќи тоа е совршен избор за сите пригоди.

Џенифер Лоренс е позната по својата елеганција и убавина, но особено ги воодушеви сите со својот моден избор на настанот 2023 WWD Honors во Њујорк. Иако присуствуваа многу познати личности, 33-годишната актерка се истакна со својот изглед

Таа за оваа пригода избра фустан кој претставува „тивок“ луксуз – црн миди-фустан со асиметрично деколте од модната куќа „Диор“.

Рафинираното парче што паѓа од рамениците, со долги ракави и ремен, е совршено парче за една од најзафатените актерки од помладата генерација.

Со фустанот носеше беж салонки од модната куќа The Row, а комбинацијата ја заокружи со поголеми златни обетки во форма на листови и златна алка.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.