Мила Јовович блесна во фустан од најубавите сништа (ФОТО)

Господско држење

Фото: Getty Images

Во Венеција се одржа гала-настанот amFar, а на црвениот тепих прошетаа некои од најголемите светски ѕвезди. Меѓу нив беше и Мила Јовович, една од најпопуларните холивудски актерки.

Убавата четириесет и седумгодишна дама го привлече целото внимание, а нејзината тоалета е посебна приказна.

Една од најпознатите актерки во светот пристигна на филмскиот фестивал во Венеција на многу импресивен начин. Имено, Мила Јовович прошета на црвениот тепих во нежно розов свилен фустан на едно рамо со сребрени детали. Со себе носеше мала сребрена чанта, а целата комбинација ја заокружи со висечки сребрени обетки.

Покрај фустанот, впечатлива беше и нејзината шминка. Имено, актерката имаше истакнати очи со кафени нијанси кои им даваа посебна длабочина на нејзините сини очи. А до израз дојде и руменилото, кое во согласност со најновите трендови за убавина, беше ефективно нагласено со боите на праска.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Style O’clock CL (@styleoclock.cl)

Фото: Инстаграм, Getty Images

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.