Пејачот Даниел Крстески пее „Остани“ на три Колумбијки! (ВИДЕО)

Нова песна!

За разлика од многумина други кои се обидуваат набрзина да се „вивнат“ на естрадното небо кај нас, пејачот Даниел Крстески тоа го прави скромно и ненаметливо.

Без многу помпа и наметнување, туку напротив, од „сенка“ што се вели, Крстески вади нови песни, спотови, настапува низ земјата и сигурно сме дека неговото време допрва доаѓа…

Пред само неколку дена тој ја извади неговата најнова песна со наслов „Остани“, на која како автор се потпишува лично тој. Музиката, текстот и аранжманот се негово дело, додека мастерингот е дело на Христијан Ѓорѓиевски.

За оваа нова песна, младиот пејач сними и видеоспот, во кој покрај него се појавуваат уште три девојки од Колумбија, кои да бидеме искрени изгледаат фантастично…

„Ова е комплетно моја песна направена во моето ново студио. Ја правев долго време, не брзав во изборот, иако имам и доста други песни веќе готови. Чекав повеќето од нив да ми „легнат“ и да одлучам која од нив прва да ја објавам. Сега само останува публиката да „пресуди“ дали е ова добро или пак не. Јас искрено се надевам ќе им се допадне“ – ни изјави скромниот пејач.

Инаку Даниел има и свој музички бенд составен од одлични професионалци. Тие наскоро започнуваат и со настапи низ земјата, а до тогаш уживајте во „Остани“:

Слушнете:

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.