„Поради АНОРЕКСИЈАТА имам коски на 80-годишна старица“: Бидејќи на Трамп му ја отпеа химната, се најде на столбот на срамот

Данокот на славата

Откако се бореше со нарушување во исхраната и притисокот на славата, поранешната детска пеачка сензација Џеки Еванко одлучи да се врати на сцената, а овој пат тоа е многу личен проект.

Ѕвездата на America’s Got Talent и најмладиот соло-изведувач што некогаш стекнал платинест тираж, објави нова песна насловена Behind My Eyes. Сепак, не станува збор за класичните дела и оперските арии кои ја прославија како 10-годишно девојче, кое настапуваше во шоуто „AGT“, туку денес 23-годишната пејачка го избра жанрот алт-поп.

Напишав песна за тоа како е да полуди и да се изгуби контактот со реалноста. Моето пишување деновиве допира до менталните болести и работите од темната страна, што ќе шокира многу луѓе кои ме познаваат од порано, изјавила Џеки Еванко за „Њујорк пост“.

Во 2010 година, Џеки беше втора во петтата сезона на натпреварот „Америка има талент“, но ги освои срцата на американската публика пеејќи ги нумерите O Mio Babbino Caro и Time To Say Goodbye.

Поттикната од успехот, Џеки ги помина адолесцентите и тинејџерските години снимајќи албуми со големи продуценти како Дејвид Фостер, настапувајќи на концерти, запознавајќи се со Опра Винфри, снимајќи дует со Барбра Стрејсенд, појавувајќи се во филм со Роберт Редфорд и, малку контроверзно, пеејќи на претседателската инаугурација на Доналд Трамп во 2017 година.

И додека изведувањето на националната химна беше момент на голем успех за неа, Џеки се соочи со бурни реакции поради тоа што беше дел од инаугурацијата на Трамп. Како тинејџерка, таа тврди дека не ги сфатила политичките импликации од тоа да биде дел од опкружувањето на Трамп, со оглед на тоа што многу други уметници му рекоа „НЕ“ на Трамп.

Реков ДА затоа што пеев за мојата земја. Но тоа ја оштети мојата кариера што едноставно не е во ред, бидејќи како 16-годишно девојче го сфатив како чест. И некако е тажно што до денес луѓето не разбираат дека „сега, кога сум постара и имам можност да гласам, веројатно ќе ја одбиев таа понуда“, рече Џеки.

Младата пејачка откри и како нејзиниот брз раст ја довел до ментална болест и анорексија.

Да растеш под светлата на рефлекторите е голем притисок. Имаше моменти кога плачев затоа што сакав да се дружам со моите браќа и сестри и пријатели и само да бидам дете, но морав да настапувам, искрено вели Џеки.

И нејзиното семејство се борело со стапиците на славата справувајќи се со недостигот на приватност,  безбедносните проблеми и со нереалните очекувања за тоа како изгледа успехот.

Џеки се сеќава дека на 15 години мислела дека нејзиниот стомак изгледа дебело.

Нешто ми се заврти во главата. И од тој момент се обидов да ослабам на секој можен начин. Се обидов на здрав начин, малку го намалив внесот на калории, вежбав, се хранев здраво, но не добив резултати доволно брзи како што сакав. Ужасно се чувствував секој ден. Немав енергија да бидам во тек со мојот личен живот и мојот деловен живот. На крајот морав да престанам да настапувам затоа што бев во центар за лекување. Кога излегов, работите не се подобрија. И така, неколку години подоцна се вратив во друг центар за лекување, се сеќава пејачката.

Сега таа ја споделува својата приказна бидејќи на сличен начин сака да им помогне на луѓето кои се борат со нарушувања во исхраната. Особено затоа што нејзината анорексија довела до рана остеопороза: во сообраќајната несреќа во 2021 година, Џеки открила дека има коски на 80-годишна старица.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.