Еј, не не собира на сепаре: Слушнете го новото хитче на Јанг Дади „Цела нација“ (ВИДЕО)

Ама е заразна песнава...

Млад и перспективен, секогаш уникатен и креативен, артистот Јанг Дади повторно сервираше заразно добро музичко парче кое веруваме дека за кратко време ќе стане вирален хит. „Цела нација“ е насловот на песната за која Дади бил инспириран од регетонот и електронската музика.

„Инспирирани од регетонот и електронската музика заедно со Андреј Николов експериментиравме со мешање на жанровите, па така многу случајно го направивме битот за “Цела Нација”.  Самиот бит носи голема енергија и тоа веднаш не инспирираше за текст и музика, па за многу брзо го снимивме и првото демо.“– вели Давид.
Дади со својот тим за прилично кратко време успеа да направи комплетно добра целина која иако пред само неколку часа е пуштена во етер, предизвикува многу позитивни реакции и коментари.
„Случајно во студио дојдоа неколку пријатели кои кога ја слушнаа песната беа фасцинирани и не мотивираа да ја споделиме што побрзо со јавноста. А ние во рок од две недели ја организиравме најдобрата екипа за спотови, ја средивме песната и еве денес ја извадивме на YouTube со светски квалитет.“– откри младиот артист.
За текстот и музиката се погрижил самиот Дади. Битот, Микс Мастерот и аранжманот се на Андреј Николов, а ко-продукцијата на Димитар Николов. Впечатливиот видео запис е дело на Такат ТВ, на чело со Генц Халими.
Во видеото е јасно прикажана енергијата на песната, а и самата приказна која ја носи. Верна екипа качена на американски pick-up се вози накај клубот,а таму ги пречекува клубската кралица која доминира со својот сексапил.
Јанг Дади за кратко време стана еден од највлијателните млади артисти на нашите простори, доколку продолжи со ова темпо веруваме дека пред него надѕираат уште многу поголеми успеси, но до тогаш уживајте слушајќи ја „Цела нација“.

 

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.